Над 66 отсто од мобилните претприемачи очекуваат мобилна друштвена мрежа да го замени Facebook

Следниот голем друштвен сервис кој ќе му ја украде круната на Facebook ќе биде мобилна друштвена апликација. Барем во тоа веруваат 66 отсто од 5.526-те програмери и претприемачи во анкетата на Appcelerator. Поголемиот дел од нив веруваат и дека ќе се развиваат апликации за телевизори и гејминг конзоли.

„Историјата ни покаќа дека големи промени во технологијата можат да го променат односот меѓу корисниците, бизнисите и индустриите. Видовме дека тоа се случи во Вебот, и мобилните уреди нема да бидат исклучот.“, вели Appcelerator која е платформа за развоја на мобилни и десктоп апликации. „Мобилната технологија го има потенцијалот да ја промени целата индустрија, и овие промени ќе бидат брзи.“

Сепак поголема е веројатност Facebook полека да се претвори во солидна мобилна апликација. Неодамна објавија нативни апликации за iOS и Android, и мрежата со своите 900 милиони корисници има потенцијал и парична моќ за да купат популарни мобилни стартапи, пример Instagram, и да ги интегрираат.

Поголем дел од испитаниците од анкетата на Appcelerator веруваат дека до 2015-та година ќе развиваат апликации за уреди кои не се паметни телефони и таблет компјутери. Околу 83 отсто веруваат дека ќе развиваат апликации за телевизори, 74 отсто ќе развиваат за автомобили, 71 отсто за гејминг конзоли, 67 отсто веруваат дека идните уреди се налик на Google Glass наочарите.

Аpple iOS останува омилената платформа за развивање кај 85 отсто од програмерите, односно 83 отсто сакаат да развиваат апликации за iPad.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии