Над 650.000 кинески уреди беа киднапирани за DDoS напад

Над 650.000 кинески мобилни уреди, од кои најголем дел паметни телефони, се злоупотребени во хакерски DDоS напад со кој беше преплавен неименуван веб сајт. Бројот на уреди од кои се испраќаа „барања“ до сервисот овозможи 4,5 милијарди барања за само еден ден, велат безбедносните експерти Cloudflare.

Софтверот кој е искористен за нападите е изработен во Javascript, а најверојатно до телефоните дошол преку лажни реклами во кои бил скриен и злонамерниот код. Рекламите кои се „одговорни“ за нападите се прикажуваат најмногу на апликации кои се популарни во Кина. Затоа дури 99,8 отсто од нападите доаѓаат од Кина. Во моментите на најголемо оптоварување до нападнатиот веб сервер пристигале 275.000 HTTP барања во секунда. „Она што останува непознато е како волку голем број на корисници биле натерани да ги отворат рекламите,“ вели Марек Маковски од Cloudflare, кои го открија нападот. Анализата на безбедносната компанија вели дека најголем проблем не е софистицираноста на Javascript кодот, туку успехот на негово ширење.

Што се однесува до уредите од кои стигаат барањата, дури 72 отсто се паметни телефони, 23 отсто се десктоп компјутери и 5 отсто се таблет компјутери.

1 коментар на “Над 650.000 кинески уреди беа киднапирани за DDoS напад

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии