Над 5000 електронски картички за патарина продадени во првите 20 дена

За само неколку недели македонските граѓани купија 5 048 електронски картички и тагови за патарините или во просек во овие 20 дена биле купувани по 250 картички дневно. Засега картичките важат исклучиво за патарините по Коридорот 10, но од мај следната година електронската патарина ќе биде достапна на сите патарини во Македонија.

Предност на електронската картичка се нешто пониските цени за патарината, и секако намалување на чекањето на патарините. Корисниците на електронска картичка плаќаат помеѓу 2 и 7% пониска цена, иако за 7% помали цени треба навистина многу да патувате. Електронската наплата се прави со картички кои се достапни за 100 денари на наплатните рампи, или за 1.200 денари е достапен таг за автоматско отчитување. Картичките и тагот се надополнуваат, сопствениците на картичките добиваат попуст при секое полнење. За полнење од 201 до 10.000 денари попустот е 2%; од 10.001 до 50.000 денари попустот е 3%; од 50.001 до 300.000 денари попустот кој го добива корисникот е 7%.

Картичките и таговите се достапни на наплатните станици на Коридор 10 и во Контролниот центар во Петровец. Полнењето на картичките и проверка на состојбата може да се направи и онлајн.

Уредот за електронска наплата овозможува плаќање без застанување, a со бесконтактните смарт картички е овозможено плаќање само со приближување на картичката до читачот. Во моментов и двата начини на плаќање се овозможени на 5 (пет) наплатни станици на Коридорот 10: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Планирано е новите две наплатни станици, Демир Капија и Гевгелија, да се пуштат во употреба во текот на 2019 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии