Над 50 држави се побунија против специфичните топ-левел домени

Новите предлози за веб домени беа критикувани од Government Advisory Committee, јавува BBC. Пратени се над 250 забелешки од  панелот составен од 50 земји кои се однесуваат на општоста, навредливоста и преобемната покриеност на новите генеричките домени.

Во забелешките се наведени примери за несоодветни суфикси побарани за специфичните топ-левел домени како .wtf, .sucks, .casino, .charity и други, бидејќи се навредливи велат преставници од Австралија. Забелешките на некои земји , пример Франција, се однесуваат на фактот дека покорисно би било некој од нив да се поврзуваат со одредена група бизниси, пример .hotel да се однесува само на сајтови за хотели. Саудиска Арабија препорачува за термини како .islam дека „не е дозволиво било која приватна компанија да има конторола врз религиозни изрази, без доволна поддршка и поврзаност со заедницата која ја опфаќа“. Сомалија пак се противи на домен со суфикс .website бидејќи е сличен со нивниот .ws домен кој тие го продаваат.

Слично суфиксите од типот .rome или .patagonia не може да бидат во рацете на компании кои немаат доволно репрезентативност за териториите или градовите. Но, во исто време постои и страв дека ограничувањето на разните генерички домени  би можело да има негативно влијание врз конкуренцијата.

Најмногу забелешки од компаниите имаат Amazon кој сакаат да ги „авторизираат“: .app, .book, .movie, .game и .mail домените. Забелешки има и до Google за: .search, .cloud, и .gmbh домените. Компаниите кои ги посочува GAC, имаат време до април да ги уредат суфиксите кои сакаат да ги „поседуваат“. А и покрај големиот број забелешки ICANN (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers), кој е и регулатор во оваа област, е оптимист дека суфуксите ќе бидат пуштени во употреба во мај 2013.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии