Друштвените плагини се алатки кои ја персонализираат веб страната која ја посетувате, доколку сте логирани на Facebook. Пример, под овој текстот има Like копче кое доколку го кликнете, овој текст ќе ви се прикаже како линк на вашиот Facebook профил. Исто така на десната страна на IT.com.mk има друштвен плагин кој прикажува кои наши текстови им се допаднале на вашите пријатели, на кои текстови тие кликнале Like и ги споделиле.

Ова е почетната фаза за персонализирање на еден сајт според вашите интереси, но и почетна фаза на Facebook да доминира со интернетот.

Во интересна колумна за CNN Пит Кешмор, основачот на ИТ блогот Mashable, пишува како Like може да ги замени линковите и со тоа Facebook ќе може да ја индексира мрежата.

„Facebook го најави Like како форма на „друштвени линкови“ – подобро од линк бидејќи е поврзан со специфичен корисник. Ако Like копчињата станат популарни, тоа ќе е многу лоша вест за Google, бидејќи неговите алгоритми го користат линкањето меѓу сајтовите да го одредат редот на резултатите при пребарувањето.“ пишува Кешмор.

Моментално сајтовите се концентрирaат на Search Engine Optimization, односно оптимизација на како интернет прабарувачите (читај:Google) го читаат сајтот со цел сајтот да добие поголема вредност и да се пласира погоре во резултатите. Дали кога Open Graph протоколот на Facebook, кој стои зад друштвените плагини, ќе предизвика сајтовите да се концентираат на оптимизирање на „инстант персонализацијата“ и со тоа да го направат Facebook крал на интернет? е интересното прашање на Кешмор.

Но кој вели дека Google треба да остане на врвот? Друштвените мрежи стануваат популарно, луѓето повеќе сакаат да споделуваат информации одошто да ги пребаруваат… Можеби единствениот проблем со Facebook е што веќе ги знае нашите лични податоци, а сега и нашите интереси.

(сликата е превземена од http://1-minute.fr/facebook-vs-big-brother)

3 коментари на “Над 50.000 сајтови ги користат друштвените плагини на Facebook

  1. Се разбира, неодобрувањето ми е насочено кон Фејсбук, а не кон уредниците.
    Можеби звучев преостро, немав намера, жал ми е за тоа.

    Сепак — баш заради 500-илјадите македонци — мора да имаме критички поглед кон ова, бидејќи најголем дел од нив се млади луѓе кои немаат точна претстава за приватноста и колку може нешто, што сега им изгледа „штосно“, во иднина да биде штетно за нив.

    P.S.
    Од друга страна, во таа бројка имаме и морони кои оставаат разни „амблеми“ на победени терористички организации, па ги фаќаат …
    Не дека не знаевме дека се морони, но Фејсбук ги разоткри :-)

  2. Бидејќи сте „опседнати“ со Facebook и Twitter и секој втор текст ви е за нив, еве ви нешто за размислување — одличниот текст на Ден Јодер објавен во Gizmodo: „Top Ten Reasons You Should Quit Facebook“ (http://gizmodo.com/5530178/).
    Во текстот, кој е одличен пример за добро истражена материја, се докажуваат сите големи пропусти на Фејсбук, а успат, се докажува и мојата теорија дека тој треба да се забрани за неполнолетни и да се третира како спамерски сајт опасен за приватноста.

    1. ах „само за FB и Twitter пишувате“ flame-oт :)))

      1. Не се согласувам со тоа – Од последните 10 вести, 1 е за чет на ФБ, 1 за твитер со Вип услугата
      2. Над 500.000 македонци ги користат друштвените мрежи и мислам дека треба да обрнеме внимание на овие работи
      3. Фала за споделувањето :) Го читнав текстот супер е.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии