Над 10 милиони долари донирани за бегалската криза

Проблемот со бегалците не се намалува, а покрај волонтери потребни се и финансиски средства да се ублажи состојбата. Google се обидува да помогне, а за оваа цел компанијата додаде „Донирај“-копче на страната на пребарувачот, но дополнително за секој дониран долар, Google ќе донира уште еден, до остварување на целта, 11 милиони долари, однонсно 10 милиони евра.

„За да го дуплираме ефектот на донацијата, Google ќе додаде средства колку и вие до првите 5 милиони евра, додека заедно не собреме 10 милиони,“ објави Google на One Today.

Предност на оваа донација е што ќе знаете каде одат парите кои ги донирате, и нема потреба да се сомневате дали станува збор за измама. Средствата ќе бидат поделени помеѓу неколку организации: Лекари без граници, Меѓународниот спасувачки комитет, Спасете ги децата и Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Со оглед на тоа дека досега се донирани над 10 милиони долари, посакуваната сума најверојтно ќе биде надмината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии