На Steam се ограбуваат 77.000 профили месечно; Valve сепак најде решение

Бројот на украдени профили на Steam е во постојан пораст, а последните бројки покажуваат дека станува збор за кражба на 77.000 профили месечно. Проблемот е од толкави размери што Valve, сопственикот на платформата за игри, беше принуден конечно да понуди двојна авторизација, преку потврди преку телефон.

Она што можеби е најинтересно е дека најголем дел од украдените средства не се податоци на корисници, туку дигитални добра од различни игри како Counter Strike Go, па сѐ до Dota 2 и Team Fortress 2. Хакерите ги крадат додатоците за игрите и ги продаваат за вистински пари.

За да ги спречи во ова, но и да го намали интересот за кражби, Valve воведе новина во трговијата, па така сега сите разменети дигитални добра нема да можат да бидат разменети за пари, односно продадени најмалку три дена по размената. Корисниците кои имаат двојна авторизација ќе бидат изземени од овој период на чекање, па по трговија со ваков профил работите можат веднаш да бидат продадени.

Новитетот сепак ќе ја отежни трговијата на Steam и продавницата го признава ова. Но со оглед на тоа дека е во прашање заштита на корисниците и поголема безбедност, па можеби овој пат најдобро е корисниците да ја прифатат, уште повеќе што кражбите на Steam пораснаа 2.000 отсто.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии