Скопскиот хаклаб КИКА ја бара вашата помош

Хаклабот КИКА (Кика е: Информации. Култура. Автономија) постои речиси 4 години и е едно од ретките места во Македонија на кое секој може да го сподели своето знаење, како и да се здобие со некои нови. Досега, благодарение на КИКА и со помош на сите технолошки ентузијасти кои се вклучени во работењето на хаклабот, многумина успеале да се вклучат во програмите на Google (Google Summer of Code), GNOME (GNOME Women Outreach) и некои други помали. Со цел да опстане овој слободен простор, на хаклабот му е потребна вашата помош!

„Ни требаат околу 350 евра месечно, за да ги подмириме трошоците за изнајмување на просторот, да ги платиме месечните сметки за електрична енергија, вода и останати комуналии и секако, за да овозможиме одржување на неделните настани што се дел од програмата на хаклабот.“, се вели на официјалниот пост.

Повикот за донации и спонзорства е отворен до 31 јули, 2013 година, за сите правни и физички субјекти во Република Македонија, а податоците кои би ви биле потребни се следните:

Слободен софтвер Македонија ул. Злате Михајловски бр. 26 1000 Скопје
Сметка: 210057088340110
Банка: НЛБ Тутунска Скопје
Приходна шифра: 562 (Уплати за донации)
Цел на дознака: донација за проект КИКА

4 коментари на “Скопскиот хаклаб КИКА ја бара вашата помош

  1. Благодарам на коментарот, Gorco. Секако дека има онлајн материјали и секако дека нашата работа е документирана. Не значи дека нема материјали, ако ти не си ги видел, не?

    Владан има поопширен одговор на blog.spodeli.org.
    http://b10g.spodeli.org/2013/07/2013.html?showCom

  2. Членови на КИКА, кои во поголем број се вработени, заработуваат доволно за да можат здружено да ги покријат трошоците за одржување на НИВНИОТ хаклаб. Очекувам сторија од Новица Наков каде ќе ги образложи причините за ова "кампања", со сите позадински социјални и интелектуални фактори, каде хаклабот изразува потреба да се рекламира и приближи до "хакерите", надвор од својот блог и сајтот planet.linux.net.mk.

    Се додека нема online материјали (видео-аудио снимки, ппт презентации, архиа на изработени source кодови, заклучоци кои следуваат после најавените настани во блог постот), секој што ќе донира, своите пари ги дава во приватен клуб на ентузијасти. Како во Лас Вегас, се што се случува во КИКА, останува таму.

    Да, сите сме поканети на тие собири, но приодот како се реализирани, одговара на ситуација аналогна на собир на месна заедница со плакат поставен само во својата зграда, каде после собирот, нема да се објави што се дискутирало и кои заклучоци се имаат донесено, но сепак, месната заедница ќе се декларира како ОТВОРЕНА за сите!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии