На професионалните гејмери им забранија да пушат трева на турнири

Ниту е-спортистите нема да можат да користитат допинг, неодамна објави Electronic Sports League, а оваа недела ги објавија и сите супстанции кои ќе бидат забранети при учествување на официјалните натпревари. На листата се наоѓаат сите забранети супстаници кои важат за нелегални и за останатите професионални спортисти. За дел од лековите кои се издаваат со рецепти доколку има потреба, ќе треба да биде издадено уверение не подоцно од објавата на првиот меч.

На листата на забранети супстани сe наоѓа и Adderall која е една од најчесто злоупотребуваните супстанци бидејќи овозможува побрзи рефлекси и зголемена концентрација. Секое пронаоѓање на забранети супстанци ќе има слични санкции како и за останатите спортисти: од одземање на наградите, па се до двегодишна забрана за учество на натпревари. ESL вели дека нема никаков проблем со корисници кои користат марихуана рекреативно, но во текот на натреварите не е дозволена употреба, јави Verge.

Можеби веста ви звучи смешно бидејќи, нели?, зошто гејмер би користел супстанци кога се што прави е седи и клика на глувче?. Нему не му требаат зајакнати физички перформанси како кај другите спортисти. Но, со наградни фондови кои надминуваат над 12 милиони долари на DotA 2 турнири и прва награда од 6,6 милиони долари, е-спортот станува сериозно натпреварување каде и секоја мала предност може да се експлоатира, без грижа за последиците врз играчот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии