На проблемите на Yahoo никако да им дојде крај

Дејан Соколоски

во Свет

Компанијата е обвинета за погрешно управување со фонд „тежок“ 17 милиони долари. Самиот Yahoo е креатор на овој фонд. Средствата беа наменети како оштета за кинески активисти.

Во 2007, Yahoo го сподели идентитетот на повеќе свои корисници со кинеските власти. Како последица, Кина уапси двајца дисиденти, кои потоа го тужеа Yahoo. За да избегне поголем скандал компанијата се согласи да им исплати 3.2 милиони долари на оштетените.

Тогаш компанијата оддели средства во висина од 17 милион долари. Средствата од фондот беа наменети за поддршка на кинеските дисиденти, јави The Next Web. Средствата од фондот компанијата му ги довери на Хари Ву, кој како што покажуваат судските докумеенти најголем дел од средствата ги користел за сопствени потреби. Поради овие злоупотреби само 700.000 долари од предвидените 17 милиони стигнале во рацете на кинеските дисиденти.

Не толку одамна, компанијата откри дека е дел од најголемата кражба на приватните податоци на корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии