На новиот iPhone 7 ќе нема место за приклучок за слушалки

Производителите на слушалки за паметни телефони можеби ќе дочекаат шок од Apple. Засега без официјална потврда од Купертино, има шпекулации од CES 2016 дека на новиот iPhone нема да има простор за 3,5 mm приклучок за слушалки. Од iPhone 7, па натаму слушалките ќе мора да доаѓаат во безжична или Lightning варијанта.

Ова се разбира не претставува проблем за корисниците кои имаат Bluetooth слушалки, но е проблем за сите останати кои сакаат да ги користат слушалките и на следната верзија на телефонот. Најголем дел од производителите не се погодени од промените, вели Verge, а речиси сите, освен оние кои работат ексклузивно за аудиофили, имаат некоја верзија со Bluetooth слушалки, а сите работат на целосно портфолио за безжични слушалки.

Причината можеби за отстранувањето на слушалките е што ќе овозможи на Apple поедноставно да го направат телефонот водоотпорен, но ќе има и повеќе простор за нешто друго. Сепак слушалките за iPhone не се евтини, некој модели се до 300 долари, па во иднина корисниците на овие слушалки би морале да ги заменат слушалките, иако имаат квалитетен уред.

1 коментар на “На новиот iPhone 7 ќе нема место за приклучок за слушалки

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии