На Меѓународниот ден на жената да се потсетиме на придонесот на неколку пионери

Дејан Соколоски

во Свет

На 8-ми Март ги одбележуваме социјалните, економски, културни и политички достигнувања на жените. За жал понекогаш го забораваме придонесот на извонредните жени во науката. Денес се потсетуваме на неколку жени кои со своите научни достигнувања го променија светот.

Ада Лавлејс

Во 1843 година немало компјутери, но тоа не ја спречило талентираната математичарка Ада Лавлејс да биде препознаена како прв програмер. Ада Лавлејс е идеен креатор на првиот компјутер. Компјутерот не само што можел да прави пресметки, туку и да креира алгербарски модели. За жал, овој компјутер никогаш не е направен, но Лавлејс е првиот човек кој го согледал потенцијалот на машините.

Ада Лавлејс е родена на 10 декември 1815, ќерка е на поетот Џорџ Гордон Бајрон. Нејзе ѝ се припишува првиот програм за машината „Analytical Engine“ креирана од Чарлс Бебиџ.

By Antoine Claudet – https://blogs.bodleian.ox.ac.uk/adalovelace/2015/10/14/only-known-photographs-of-ada-lovelace-in-bodleian-display/ Reproduction courtesy of Geoffrey Bond., Public Domain, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=63293739

Во 1842 и 1843 таа превела статија од италијанскиот воен инженер Луиџи Менебреа за „машината за пресметки“ и на нив им додала сет на забелешки едноставно нарекувајќи ги „Notes“. Многумина сметаат дека овие белешки се всушност првиот компјутерски програм. Со овие белешки машината можела да се користи а пресметка на бернулиевите броеви.

Г-ѓа Лавлејс починала од рак на матката 1852 година, на 37 години. Иако дебатата за тоа дали навистина е првиот програмер е отворена, несомнено е дека е брилијантен математичар.

Хеди Ламар

Ако не се запознаени со работата на оваа актерка од почетокот 20-от век тогаш веројатно не ви јасно што бара Хеди Ламар на оваа листа. Освен што е познат модел и актер, таа е и иноватор, автор на технологија која требаше да им помогне на сојузниците во Втората светска војна. Нејзините откритија се основа за почетоците на WiFi, GPS и Bluetooth технологијата.

Хеди Ламар е родена на 9 ноември 1914 во Виена. Иако познатиот филмски и театарски режисер Макс Рејнархд ја прогласил за најубавата жена во Европа, нејзините патенти за безжични комуникации се далеку поважни.

By Employee(s) of MGM – source, Public Domain, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=44898216

Технологијата за „тајни“ комуникации која ја креира со композиторот Горџ Антејл  беше со идеја да и помогне на Армијата на САД во Втората светска војна. Во текот на војната таа дознала дека радио сигналите со кои се насочуваат торпедата може да се блокираат и торпедата да се насочат во друга насока. Нејзината идеја е креирање на сигнал со променлива фреквенција кој нема да може да биде следен и нема да може да биде блокиран. Системот користел различни фреквенции за да наведува торпеда и да ги направи „невидливи“. Во 1942 технологијата ја патентирала технологијата. За првпат системи за наведување со слична технологија се имплементирани во 1957 година. Оваа технологија е основа за WiFi, GPS и Bluetooth.

Во нејзина чест Австрија, Германија и Швајцарија го одбележуваат Денот на пронаоѓачите на 9 ноември, денот кога е родена Хеди Ламар.

Грејс Хупер

Грејс Хупер е дел од тимот на Харвард кој ги разви првиот компјутер „Mark-I“ и еден од првите програмери кои работеше на Mark I. Нејзината идеја за програмски јазици кои ќе бидат независни од машините доведе до развојот на програмскиот јазик COBOL. Во Морнарицата на САД имаше чин на вицеадмирал. Хупер беше вклучена и во развојот на UNIVAC, првиот комерцијално достапен компјутер.

Грејс Брустер Мареј Хупер е родена 9 декември 1906 година. Во времето на Втората светска војна се пријавила како доброволец во Морнарицата на САД, но бидејќи имала 34 години ја одбиле. Наместо ова им се приклучила на резервистите на морнарицата. Во 1944 ја прекомандувале во Bureau of Ships Computation Project на Харвард. Била дел од персоналот програмери кои работеле на Mark-I компјутерот.

By Lynn Gilbert, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=57587522

Работејќи на UNIVAC I започнала да развива нов програмски јазик во кој ќе се користат исклучиво англиски зборови. Идејата дека програмерите треба да работат на „англиски“, а компјутерите треба да го преведуваат ова во машински код е одбивана 3 години, се до првиот научен труд за компајлери. Во 1952 креираше оперативен „link-loader“ кој во тоа време бил нарекуван компајлер.

На луѓето им е полесно да напишат команда на англиски јазик отколку да користат симболи. Затоа, решив дека процесорите на податоци треба да можат да ги пишуваат своите програми на англиски јазик, а компјутерите ќе ги преведуваат во машински код.

Тоа беше почетокот на COBOL, компјутерски јазик за процесори на податоци. Би можелa да кажам „Одземи данок на доход од плата“ наместо да се обидувам да напишaм во октален код или да користам секакви симболи.

 Хупер е заслужна и за откривање на првиот „баг“ во 1947, а нејзе и се припишува и терминот „дебагирање“.

Маргарет Хамилтон

Маргарет Хамилтон е компјутерски научник, систем инженер и автор на програмската поддршка за мисијата од вселенската програма Аполо. Таа е водач на тимот од MIT кој го креираше софтверот за мисијата на Месечината. Програмата која е рачно напишана помогна екипажот на Аполо да слета на Месечината.

Маргарет Елејн Хифилд е родена 1936 година во Паоли, Индијана. Во 1963 се приклучи на тимот кој работеше на Аполо програмата. Започна како програмер на процеси, но се префли на дизајнирање на системи. На крајот беше задолжена за целиот софтвер на командниот модул.

Иако можеби и не ви текнува, без сомневање сте ја виделе сликата на Хамилтон која седи до куп книги кој е повисок од неа. „Купот книги“ всушност е кодот кој таа и тимот на MIT го напишаа за Аполо.

By Draper Laboratory; restored by Adam Cuerden. – This is a retouched picture, which means that it has been digitally altered from its original version. Modifications: dust and scratches removed; curves tweaked to bring out shadows, approximately 3 pixels cropped from bottom in order to remove a border. See upload history of the PNG for version without colour tweaks. The original can be viewed here: Margaret Hamilton.gif: ., Public Domain, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=59655977

Хамилтон е заслужна и за именување на дисциплината софтверски инженеринг. Во периодот кога започна да го употребува терминот софтверски инженер, останатите тогаш етаблирани инженерски гранки не гледаа на развојот на софтвер како сериозна гранка.

Валентина Терешкова

Валентина Терешкова е инженер, член на Руската Дума и прва жена космонаут. Таа сѐ уште е единствена жена која била сама на мисија во Вселената. На 16 јуни 1963, го започна својот лет на Восток 6. Со Восток ја заобиколи земјата 48 пати во речиси 3 дена колку што помина во вселената.

Валентина Терешкова е родена на 7 март 1937 година во Болшое Маслениково, село на растојание 270 километри од Москва. На 22 години додека работела во фабрика за текстил ги правела и првите скокови со падобран, што подоцна ќе се покаже како клучно за нејзиниот избор.

Благодарение на трката за освојување на вселената Терешкова успеа да биде избор за вселенската програма. Терешкова беше избор за астронаутка од 400 кандидатки иако немаше тренинг за пилот. Сепак поради тоа што имаше тренинг за падобранец влезе во потесната програма.

By RIA Novosti archive, image #612748 / Alexander Mokletsov / CC-BY-SA 3.0, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=18560617

Од 16 јуни 1963 година, до 19 јуни 1963 година ја обиколи Земјата 48 пати, поминувајќи 1.960.000 километри. Во текот на летот камери од кабината на Восток 6 пренесуваа програма на Советската национална телевизија.

Добитник е на одликувањето Херој на Советскиот Сојуз. На 16 септември беше реизбрана за претставник во Руската дума.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии