На Македонците им е потребен интернет од 30 Mbps, вели АЕК; ние бараме побрз!

Агенцијата за електронски комуникации воведе нов правилник со кој се гарантира дека до 2020-та година сите корисници во земјата да имаат интернет пристап со поголема брзина од 30 мегабити во секунда. Сега само 3,61 отсто од граѓаните имаат интернет побрз од 30 мегабити, а проектирано е до 2016-та година тој процент да се зголеми на 30 отсто, пренесува Нова Македонија.

Планот на АЕК наликува на целите поставени со Дигиталната Агенда на ЕУ, во кое е зацртано да се оствари минималната брзина од 30-те мегабити за сите Европејци во рок од шест години. За почеток ќе треба да се сменат каблите од бакарни во оптички кои ќе бидат поставена под земја, како што се вели во правилникот. Операторите и Министерството за транспорт се согласиле да го испочитуваат проектот и да ја направат транзицијата.

„Моментната пенетрација на брз Интернет преку оптички мрежи, за нас, како Агенција за електронски комуникации, е незадоволителна. Затоа, заедно со операторите на електронски комуникациски услуги, покрај овој правилник, работиме на низа мерки и подобрувања во регулативата што ќе поттикнат поголеми инвестиции во изградба на мрежи за обезбедување пренос со големи брзини и миграција на интернет-корисниците кон овие мрежи“, вели директорот на АЕК, Роберт Орданоски.

Секако 30-те мегабити во секунда ќе бидат минумумот, но за шест години технологијата можеби ќе бара нешто многу, многу побрзо. Целта би требало да биде поблиску до 100 мегабити во секунда, не за да симнеме филм за неколку секунди, наместо минути, туку да се овозможи инфраструктура за Full HD видео сервиси кои ќе нудат високо-квалитетна содржина преку сите уреди. А за тоа да функционира перфектно кај стотици илади корисници, треба супер брз интернет, и тоа не по денешни станарди, туку по идните од 2020-та година.

2 коментари на “На Македонците им е потребен интернет од 30 Mbps, вели АЕК; ние бараме побрз!

  1. 30 мегабити по секунда до 2020 година. Хм смешно, овие од АЕК воопшто не ги следат светските трендови од информатичката технологија. Веќе требаше кај нас во денешно време тие 30Mbps да се минимум во понудата на интернет операторите. Сега сме рамни на некоја Афричка земја и полошо.

  2. Целосно се согласувам. За 6 години смешни ќе изгледаат 30Мб/с.
    Еве на пример јас веќе две години имам 20Мб/с и сметам дека во РМ оваа брзина и сега не е невобичаена.
    Овие во Агенцијава како да се од марс, толку ли не гледаат каде иде светот и какви брзини бараат денешните апликации и контент?
    По платите vo Agencijata човек ќе помисли дека таму работаа некои генијалци ама очигледно не било така. Како да дошле од некоја заостаната земја која се уште користи dial-up.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии