На глобалната мрежа и треба слобода, вели Сер Тим Бернерс-Ли

На 25 годишнината од раѓањето на глобалната мрежа, креаторот Тим Бернерс-Ли како горд родител го даде своето мислење за состојбата со Интерентот сега, пред 25 години и за иднината.

„Чувствувам некаква иноваторска гордост. Сепак момент на кој сум најгорд е духот на соработка кој го имавме последниве 25 години“, вели г. Бернерс-Ли во интервју за CNN.

Покрај гордоста која несомнено е заслужена Сер Тим Бернерс-Ли не можеше да ја скрие разочараноста од проблемите кои денес на напаѓаат глобалната мрежа. Прислушувањето на владините агенции како NSA и GCHQ, непочитувањето на интернет неутралноста па дури и пречките кои ги имаат активистите за отворен интернет, се дел од проблемите на кои се осврна во интервјуто. Што се однесува до прислушувањето на NSA и Едвард Сноуден, Сер Бернарс-Ли ја потврди поддршката za г. Сноуден, повторно велејќи дека не може за злоупотреба да биде виновен оној кој ја изнел информацијата за незаконско работење.

„Во иднина сакам да видам интернационална конвенција и интернационална почит за објавувачите“.

Втора голема закана за слободата на Интернет, вели таткото на глобалната мрежа, е цензурата. Дел од владите со цел да го намалот бројот на демонстранти кои се против нив го прекинуваат интернетот. Ова беше применето во Египет, кога властите се бранеа со цензура од се поголемиот број на демонстранти, па дури и жителите на релативно демократски држави како Турција од неодамна започнаа да стравуваат од интернет цензура.

„За голем број на луѓе беше изненадување кога дознаа првпат беше исклучен и се запрашаа кој може да го исклучи за мене. Но цензурата на интерент е еден од знаците дека режимот не им верува на своите граѓани и дека нивното време завршува“, вели г. Бернерс-Ли. „Интернет овзможува човештвото да биде помоќно, оваа моќ може да се искористи за добри работи или за лоши работи — но кога ќе се израмнат двете страни, кога станува збор за човештвото, јас сум оптимист“.

[youtube]OM6XIICm_qo[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии