На Facebook нема повеќе простор за негирање на Холокауст

Глобалниот пораст на антисемитизмот е главната причина поради која Facebook се одлучи да започне и да ги отстранува постовите кои го негираат Холокаустот. Најголемата друштвена мрежа оваа одлука ја донесе по едногодишна консултација со  надворешни експерти. Одлуката доаѓа и под притисок на кампањата на кампањата на преживеани сведоци на Холокаустот кои побараа од Марк Закерберг да ги отстрани постовите кои го негираат Холокаустот, пренесе Associated Press.

Долгогодишното споделување на дезинформации придонесе секој четврти Американец на возраст помеѓу 18 и 39 години да смета дека Холокаустот е мит. Facebook секако не единствен виновник за споделување на овие дезинформации, но е најголема платформа на која се споделуваа овие дезинформации.

Самиот основач на друштвената мрежа во минатото беше против отстранување на постовите. Г. Закерберг иако е Евреин ги толерираше овие постови. Сепак изгледа дека ширењето на незнаењето го натера да ги преиспита сопствените ставови.

Денешното соопштение означува уште еден чекор во нашите напори да се бориме против омразата на нашите сервиси. Одлуката е поткрепена со добро документираниот пораст на антисемитизмот на глобално ниво и алармантното ниво на незнаење за Холокаустот, особено кај младите. Неодамнешното истражување на возрасни во САД на возраст од 18-39 години, речиси една четвртина верува дека Холокаустот е мит, дека е претеран или не се сигурни.

Забраната се однесува на сите групи и јавни и приватни.

Зошто сега?

Барањата за отстранување на оваа содржина започнаа пред 10 години, но до неодамна ставот на Facebook беше дека против „лошиот говор“ треба да се бориме со „добар говор“. Сега ова повеќе не е случај и оваа содржина се отстранува веднаш.

Веројатно најинтересното прашање е зошто овие промени се носат токму сега? Друштвената мрежа имаше неколку обиди да го намали досегот на овие вести, но по се изгледа не вродија со плод. Последните податоци на German Martial Fund објавени оваа недела покажуваат дека од 2016 до денес лажните тврдења се удвоиле, пренесе Ars Technica.

Facebook страниците кои споделуваат дезинформации ги подели во две групи. Првата група е составена од страници со објави кои во целост се лажни. Вторите не споделуваат целосно лажни вести, но манипулираат и презентираат делумно неточни податоци. Во период од 2016 до денес, бројот на корисници кои имаат некаква интеракција со постовите на ваквите страници е зголемен 242 проценти. Интересно во страниците кои манипулираат со содржината се наоѓа и популарните Fox News.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии