На државна кардиохирургија за прв пат вградено „вештачко срце“

Муарем Реџепи е првиот пациент на кој му е вградено вештачко срце. Операцијата е направена на државната кардиохирургија, а ја изведе тим од доктори од државната кардиохирургија и Петар Ристески кој работи во Франкфурт.

Операцијата траеше 2 и пол часа, лекарите се задоволни, а пациентот е во добра состојба.

Механичко срце (Left Ventricular Assist Device) е медицинско помагало за пациенти со срцева слабост. Може да се постави на левата, десната или на двете комори. Може да се користи и привремено во случај кога пациентот чека на трансплантација или како помош додека срцето не стане доволно силно за да работи без помагала.

Апаратчето е мало и работи бесшумно. Помагалото е поставено во телото, единствено батеријата која се менува е на надворешниот дел.

Трошоците за оваа операција кога се прави надвор од Македонија се помеѓу 340.000 и 350.000 евра. Кога операцијата се изведува во Македонија трошоците се 120.000 евра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии