На чекањето му дојде крај, Radeon ги претстави Vega

Дејан Соколоски

во Хардвер

Веќе долго време мантра на фановите на AMD кога графичките се во прашање е: „Чекајте на Vega“. На чекањето конечно му дојде крајот, а новите графички картички излегуваат на 14 август. За жал, сè уште нема податоци за перформансите на картичките, но барем ги дознавме моделите и цената.

Два модели RX Vega 64 за 500 и RX Vega 56 за 400 долари

AMD претстави два модели на графичките картички и нивните спецификации. Можеби најлошата вест за љубителите на AMD е што ги нема најважните показатели, бенчмарк тестовите од игрите. Да бидеме потполно искрени, најмногу нѐ интересира како Vega ќе изгледа во споредба со GTX 1080 Ti, GTX 1080 и GTX 1070. Сепак, барем може да ги претставиме најновите графички картички на AMD.

Компанијата засега претстави 3 модели со ист процесор – Vega 10: AMD Radeon RX Vega 64 Liquid; AMD Radeon RX Vega 64 и AMD Radeon RX Vega 56.

Најдобрата картичка од оваа серија е RX Vega 64 Liquid. Картичката доаѓа со 4.096 стрим процесори; работна фреквенција од 1.406 MHz и буст до 1.677 MHz. Картичката доаѓа со 8 GB HBM2 меморија и за напојување се потребни 345W. Лошата вест е што за оваа верзија се потребни 700 долари. Добра вест, картичката е со водено ладење.

Radeon RX Vega 64 е речиси идентична со Liquid моделот, но доаѓа со воздушно ладење. Поради ова буст фревенцијата е пониска, и изнесува 1.471 MHz. Картичката доаѓа 8GB HBM2 меморија, а замената за воденото ладење и пониската фреквренција е и пониското напојување кое е потребно, 295 W.

Иако доаѓа со истиот процесор, Vega 56 доаѓа со помалку стрим процесори. Поради помалиот број (3.585) стрим процесори, картичката е најслаба во оваа серија. Работната фрекфенција е 1.156 MHz, a нуст фреквенцијата 1.471MHz.  Картичката доаѓа со 8GB HBM2 меморија со нешто пониска фреквенција. Напојувањето на картичката е 210W.

Иако нема потврдени резултати, AnandTech има информации дека Vega 64 е во класа со GTX 1080, a RX 56 ќе биде конкурентна со GTX 1070. Ако ова е навистина точно, тогаш по многу долго време AMD со Ryzen и Vega ќе може да понуди машина која ќе биде конкурнтна според перформансите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии