На аеродромите во САД наскоро би можело да се скенираат лицата на патниците

Агенцијата за безбеден транспорт во САД (TSA) размислува наскоро да започне со препознавање на ликови на аеродромите. За реализација на оваа идеа неопходно ќе биде да се приберат слики од ликовите и од ирисот на сите граѓани.

Ова треба значително да ги забрза контролите на аеродромите, и да ја зголеми безбедноста, но секако ќе биде сериозна опасност за приватноста. Агенциите ќе поседуваат биометриски податоци на корисниците кои ќе се користат на сите терминали за излез и влез во државата.

Засега агенцијата размислува за започнување на тест фаза. Во тест фазата би учествувале 5 милиони граѓани, кои во моментот се користат за предвремни проверки. Овие граѓани дозволија користење на отпечатоците од прстите.

Најсилен притисок за користење на програмата доаѓа од Агенцијата за национална безбедност. Програмата се користи без одобрување од конгресот. На почетокот беше замислена како начин за следење на страниците при влез во САД. Наскоро програмата би можела да се користи и за државјаните на САД.

Според најавите, сликите на Американците кои не го прекршиле законот ќе бидат чувани до 2 недели, а податоците за патувањето до 15 години. Податоците за странците кои не се имигранти ќе бидат чувани до 75 години, пренесе EFF. Овие податоици ќе бидат споделувани со останатите агенции, на пример, со Федералното истражно биро.

Дополнително, пробивањето на базите на податоци е сериозен безбедносен проблем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии