На 11-ти февруари Интернетот вели „НЕ!“ за масовното набљудување

Време е да се каже „не“ на масовното набљудување преку Интернет. За почеток треба да започнеме со протести, хакатони и онлајн кампањи кои ќе стартуваат на 11-ти февруари. Организиран од куп различни организаци кои се борат за човековата права и слободата на изразување, овој „The Day When We Fight Back“ настан има за цел да ги информира граѓаните за потенцијалното нарушување на нивната онлајн безбедност, и да испрати порака до институциите дека треба да се следат глобални принципи за следење на комуникациите.

Документите објавени во последнава година од поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, откриваат дека властите со легално одобрување или нелегално пробивање собираат огромни количини приватни податоци за да ги следат сите корисници. Покрај таргетирањето на индивидуи, американската NSA и агенциите од другите држави си земаат за слобода да складираат се што ќе можат да пресретнат од Интернет, со аргумент дека ја штитат „националната безбедност“, а во реалноста тие само складираат податоци од граѓани кои не прават криминал.

Доколку сакате да им кажете „СТОП!“ на властите, идејата зад кампањата е да се организираат собири, хакатони и протести на темата масовно набљудување. Можете да закачите и банер на вашиот сајт, или да ги искористите карикатурите споделени од Global Voices Online за да истакнете солидарност и поддршка за кампањата; и да ги потикните властите да ги следат тринаесетте принципи за интернационалното надгледување на комуникациите, развиени од експертите за човекови права.

3 коментари на “На 11-ти февруари Интернетот вели „НЕ!“ за масовното набљудување

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии