МySpace се продаде за ситно, Џастин Тимберлејк доби удел во компанијата

MySpace од атрактивна друштвена мрежа која ја стартуваше друштвената револуција се претвори во музички сервис каде се споделуваше музика, нешто што воопшто не беше лошо иако конкурентниот Facebook и неможноста да ги задржат корисниците доведе до пропаст на мрежата. Музиката најверојатно ќе биде и дел од иднината на сервисот кој сега е под капата на компанијата Specific Media. Велам сервис бидејќи веќе не е друштвена мрежа.

Токму поради музиката, познатата поп ѕвезда Џастин Тимберлејк доби дел од MySpace и ќе игра некоја улога околу сервисот во блиска иднина. Неговата улога, вели MySpace, ќе биде откриена подоцна летово.

„Има потреба за место каде фановите ќе можат да комуницираат со својот омилен забавувач, да слушаат музика, да гледаат видеа, да споделуваат и откриваат кул работи и да се поврзуваат. MySpace има потенцијал да биде тоа место.“, вели Тимберлeјк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии