MyResources детално ги надгледува ресурсите на вашиот компјутер

Инсталирање бројни непотребни програми знае да го забави вашиот компјутер и да влече значително повеќе ресурси отколку што би сакале. Згора на тоа, во последно време модерна е праксата да се користи вашиот компјутер за копање крипто валути. Таквото нешто знае значително да ја предизвика моќта на вашиот хардвер и да ве остави крајно исфрустрирани.

My Resources е алатка која го надгледува вашиот систем и пробува да забележи дали некои процеси се однесуваат надвор од зацртаната норма. Бесплатниот надгледувач ви ја прикажува моментната вчитана состојба на главните ресурси на вашиот компјутер. Преку графикони и променливи икони со најразлични бои, можете да добиете увид во состојбата на вашиот диск, процесорот, меморијата, и мрежата.

За користење на MyResources не е потребна никаква инсталација. Едноставно преземете го програмот од следниот линк и покренете го за да одберете какви информации да ви бидат сервирани. MyResources не е поддржан за оперативните системи XP и Vista.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии