My6Sense сега за Google Chrome, екстензија за релевантни твитови

My6Sense одлучува кои се важни твитови со тоа што ги мониторира фаворизираните твитови, твитовите кои биле ретвитани, каде сме кликнале на линковите во твитовите и според клучни зборови од нашите твитови. Мy6Sense работи така што ги анализира и ги подредува твитовите кои ви стигнуваат во сосема нов таб на крајот на редицата табови на Twitter.

Во новиот таб, имате твитови кои не се подредени по време и датум, туку по релевантност. Во горниот десен агол на Google Chrome ќе имате и една икона со логото на My6Sense која кога ќе ја кликнете ќе се појави овој дијалог на сликата доле каде ќе можете да наместите да ви се покажуваат во табот твитови од пред 6, 12, 24 или 48 часа. Исто така има и една линија која се исполнува кога ќе постигнете поголемо ниво на дигитална инитуиција, односно укажува на тоа колку My6Sense во моментов знае за вас. Во објаснувањето вели дека и да ги смените интересите целосно, My6Sense брзо ќе научи.

Од компанијата велат дека нивниот сон за дигитална инитуиција е поголем и дека оваа е само почетокот. Нивната идеја е да помогнат секој да има своја персонализирана верзија на мрежата.

My6Sense екстензијата за Google Chrome можете да ја симнете овде.

3 коментари на “My6Sense сега за Google Chrome, екстензија за релевантни твитови

    1. Ако нека прават вакви екстензии, после два дена тестирање доста релевантни твитови дава, задоволна сум, а сеуште не ми е исполнета до крај "дигиталната инитуиција" :). Да се надеваме дека нема да го купат, добар е како што е :).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии