My Solar Panel е македонска апликација која ќе ви помогне во оптимизација на фотоволтаични панели

Обновливите извори на електрична енергија се сè повеќе актуелни. Кога е во прашање домашното користење најчесто станува збор за фотоволтаични панели. My Solar Panel e своевиден експерт во вашиот телефон. Апликацијата е дело на Игор Илијовски кои изработи две верзии на софтверот My Solar Panel Lite и My Solar Panel. Двете апликации се наменети за корисници кои планираат да инвестираат во фотоволтаични панели.

„Веќе неколку години работам енергетско планирање за производство на електрична енергија во Македонија. Последниот период сум фокусиран на соларна енергија. Основната идеја беше пресликување на знаењето за соларна енергија во една апликација каде што корисникот ќе може на едноставен начин да ги добие сите потребни податоци за посакуваната локација за имплементација на фотоволтаичниот систем. Со тоа корисникот ќе може да донесе правилна одлука за тоа дали и каков бенефит би имал од користењето на планираниот фотоволтаичен систем. Имплементацијата на овие системи се повеќе ќе се зголемува во С. Македонија, така што оваа апликација може да послужи како прирачник и алатка на секој што планира да се вклучи во почистото производство на електрична енергија, било за домашни или за комерцијални потреби“, вели г. Илијовски.

Софтверот е советник кој на корисникот му помага да провери дали соларните панели се исплатливи; за колку години ќе ја поврати инвестицијата; која е најсоодветна позиција и слично. Дополнително, преку функционалност апликацијата им помага на корисницие да видат колкави се загубите кои ги трпат поради погрешно поставени панели и колкаво би можело да биде оптималното искористување.

Користењето на апликацијата е релативно едноставно, најпрво може да ја оставите да ги прочита вашите GPS координати. Потоа треба да внесете некои од податоците како ориентацијата на панелите и нивниот наклон. По ова софтверот ги прави пресметките и ви ги прикажува резултатите. Како влезни параметри може да ги третираме локацијата, ориентацијата на панелите и наклонот, и големината на панелите. Дел од излезните параметри се произведена електрична енергија на месечно ниво, број на панели со карактеристики, површина на панели, оптимален наклон и еколошките параметри.

My Solar Panel Lite е бесплатна верзија на апликацијата која доаѓа со некои ограничувања и реклами. My Solar Panel нема никакви ограничувања и доаѓа целосно ослободена од реклами.

Покрај помалите надградби кои веќе се во план г. Илијовски планира да додаде и модул за комерцијални фотоволтаични системи со „tracking” опција, а за во иднина е предвиден и модул за предвидување на неколку дневна прогноза на електрична енергија на веќе монтиран систем. Дополнително, авторот планира да додаде функционалности на барање и на препораки на корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии