Министерството за внатрешни работи доби нова лабораторија за компјутерско вештачење. Според МВР, ваквата лаборатирија стана „неминовно потребна“ бидејќи во последниве години се зголемил интернет криминалот и користењето на информатичката технологија за вршење на кривични дела.

„Почнувајќи од областа на економскиот и финансискиот криминал, преку детстката порнографија и компјутерскиот криминал, практично и не постои кривично дело каде нема потреба од вештачење на паметни телефони, лаптоп компјутери или друга технологија која служи за комуникација или чување на податоци.“, вели МВР.

Лабораторијата ќе ги анализира компјутерите кои ќе бидат вмешани во кривично дело со цел да најде електронски траги кои ќе го идентификуваат криминалецот и ќе послужат како доказ во идните судски постапки. Како што вели МВР, „електронските траги пронајдени на анализираните медиуми честопати се и единствен доказ во кривичната постапка“.

Компјутерската опрема содржи: процесорски станици FRED наменети за лабораториски услови, форензички лаптопи кои прават копии на хард дискови и се користат за анализи на терен, UltraKit за креирање на форензички копии за анализа на податоците, софтверот Field Itellegence Model со кој ќе се анализира мрежата и серверите, без да биде нивната работа прекината, и софтвер FTK за креирање на форензичка копија од анализираните медиуми и процесирање на податоци.

1 коментар на “МВР доби нова форензичка лабораторија за компјутерски вештачења

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии