Компјутерска опрема, пронајдена во куќа во Гостивар, се користела непознат период за незаконито реализирање на меѓународни разговори, вели Министерството за внатрешни работи. МВР во координација со полициските служби од Република Србија, во акција со име „SIM бокс“ работеа да ја запленат опремата во Македонија и во Србија, која се користела како нелегален оператор за остварување на повици.

Со опремата, стан во Гостивар „практично бил претворен во нелегален мобилен оператор преку кој бил реализиран меѓународен мобилен сообраќај на црно“, велат од Секторот за компјутерски криминал при МВР. Софистицираната техничка опрема е пронајдена во стан на 42 годишен жител на Гостивар, кое во момрнтот на претрес не било во станот, но опремата била во функција. Жителот на Гостивар е обвинет за компјутерски криминал, компјутерската опрема е поврзана за IP-адреси во Србија од каде овој сообраќај преку интернет нелегално завршува до крајните корисници.

Во полициската акција се пронајдени и запленети:

  • Два TELE 5 V Gate SIM бокс уреди, кои содржат 10 модули за SIM картички (со капацитет на еден модул од 56 СИМ картички) или вкупно 1280 СИМ картички активни во еден исти момент.
  • Два сервера TELE 5 ( SAN NETRA X4200 ) наменети за терминација и трансферирање на телефонскиот сообраќајот од еден вид во друг.
  • Еден десктоп компјутер наменет за мониторинг и управување на спомената опрема, односно контрола на реализираниот сообраќај, активни SIM картички и замена на SIM картички блокирани од страна на мобилниот оператор.
  • Пронајдени се SIM бокс уреди со помал капацитет на SIM картички и антени за истите.
  • Запленет е огромен број на SIM картички (над 40.000) од мобилни оператори од целиот свет, од кои најголем број се на мобилни оператори кои функционираат во соседните држави (Србија, Босна; Хрватска, Словенија, Албанија и Косово).
  • Документација за набавка на споменатата опрема и финансиски пресметки за остварен нелегален меѓународен телефонски сообраќај.

Од МВР велат дека ќе направат дополнителни проверки, по кои материјалот ќе биде доставен до Јавното обвинителство.

1 коментар на “МВР откри нелегален оператор во куќа во Гостивар

  1. Баш ме интересира што спаѓа под „меѓународен мобилен сообраќај на црно“. Дали ќе дојде ден кога муабетите на улица ќе станат нелегални?
    Ајде дајте коментари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии