МВР откри дека косовските КNS неуспешно им го нападнале сајтот

Хакерската група Kosova Network Security не успеа да ни го пробие сајтот, велат од македонското Министерство за внатрешни работи. Сајтот на МВР вчера околу 18 часот во краток период од еден час беше недостапен.

„Некаде по 18 часот непозната групација изврши напад на сајтот на МВР. Станува збор за напад, а не хакирање, бидејќи наши вработени го исклучија сајтот и на тој начин беше избегнато бришење на податоци, како што тоа се случува кога е во прашање хакирање.“, вели МВР.

Како што прават и сите регионални, националистички расположени хакери кога ќе пробијат веб страни на соседските државни институции, така и косовските KNS сакале да остават политичка порака на сајтот на МВР. Пораката од нив е да се престане со навредите и притисокот на албанците, но и додадоа дека „ја сакаме нашата земја“ алудирајќи на концептот на Голема Албанија.

претходно интервју на It.com.mk со Kosova Hacker Group, слична група, можеби сега се KNS, дознаваме дека ваквите националистички пораки не се нешто ново ниту на македонските сајтови, ниту на грчите, албанските ниту на српските. Во секоја земја пости хакерска група или индивидуа која има за цел да започне сајбер војна со другата страна, но тоа се сведува на дифејсирање и изопачување на веб страните за да се закачи порака, да се покаже надмоќта над другиот. KHG тогаш изјавија дека:

„Големите страници ни се исто така мета за напаѓање, потоа следува другата категорија на сајтови како што се сајтовите на институциите на Албанија, Косово, Македонија, Босна, Турција… на кои кога ќе им упаднеме на сајтовите не правиме никаква штета туку оставаме само порака со која им даваме до знаење дека имаат слаба сигурност и дека сме биле на нивниот сајт.“

Но, и ова е големо „но“, често ваките дифејсирања на сајтови можат да послужат како диверзија за посериозни напади и крадења на информации.

8 коментари на “МВР откри дека косовските КNS неуспешно им го нападнале сајтот

      1. nice work but there is a big FLAW inside of the WEBARCHITECH that MVR is using and the FCKEDITOR is compromised that can be used to upload a SHELL so just find the FCKEDITOR uploader form and upload yur shell… so simple..

  1. Гасење на серверот привремено спасува од дифејсирање, но тоа не е вистински начин на одбрана, што понатака? Ќе го вклучат сајтот и пак ќе им го дифејсираат и после ќе си иjavascript: hideMsgBox();граат backup и restore цело време?

    Со гасње на сајтот владата сама на себе си прави DOS напад т.е. Denial of Service.

  2. Целта на хакерот а да влезе во сајтот и да остави порака како што и направи оваа група на хакери со оставање на нивна порака нивната мисија беше успешна.

    Mvr.gov.mk овие напади ги сведува со едноставно бришење на пораката оставена на сајтот без притоа да видат каде е дупката и да ја поправат.

    Патем заборавиле да избришат http://www.mvr.gov.mk//images/in.txt

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии