МВР бара да се изгаснат агресивните Facebook групи за црквата на Кале

Единицата за борба на компјутерски криминал побара од Facebook отстранување на групите, но и IP адресите на администраторите и корисници кои постираат одвратна содржина. Знаејќи ја полисата на Facebook, се очекува страните да бидат тргнати.

„Одделот за компјутерски криминал од своја страна ги сними и ги документираше сите членови на групите и поддржувачите, како и профилите на лицата кои прифатиле да учествуваат по поканите испратени за нови пресметки на Кале.“, се вели во соопштението.

Според извори од МВР, ова значи дека се собираат информации и се прави анализа која подоцна ќе биде претставена на јавното обвинителство за да се одредат понатамошни мерки.

Моја претпоставка е дека поединечно гонење на секој корисник не би било можно бидејќи се работи за илјадници луѓе, голем дел гневни тинејџери и студенти кои само коментирале на веќе поставени страна. Но можно е одговорност да се побара кај администраторите на групите и организаторите на настаните, бидејќи некои од нив и самите учествуваат со ширење говор на омраза и одвратна содржина на Facebook, а и имаат делумна одговорност за немодерирање на страните.

МВР апелира до сите посетители на социјалните мрежи да се воздржат од говор на омраза и да престанат со повикување на насилство, бидејќи ќе бидат преземени сите неопходни мерки за нивно идентификување и спречување во намерите.

11 коментари на “МВР бара да се изгаснат агресивните Facebook групи за црквата на Кале

  1. Od kaj znajs ti dali nekoj ne go haknal toj profil ili dali nekoj ne se zafrkava? Ova sto ste go objavile e krajno ozbilno i opasno.. A na fejsbuk sekoj moze da pisuva sto saka i kako saka koj gi svaka ozbilno tie grupi i gluposti?

    1. Хакнал профил на илјадници луѓе и постира говори на омраза? :) Можеби некој ти го хакнал твојот профил за да коментира вака.

      Крајно опасно? Да, се сложувам со тебе… но не се сложувам дека никој не ги сваќа озбилно тие групи. Се работи за илјадници луѓе кои коментираат и постираат глупости…

      1. Pa togas stavi slika od grupata a ne od deckoto sto e na slikata tamu! Site go prepoznaa koj e kako on da krenal vostanie izleze vasava statija! Ako imate nesto protiv grupata stavi screenshot od samata grupa a ne od 400 sliki go odbravte bas nego!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии