Музиката на Journey, изведена од Македонскиот камерен оркестар, доби награда од BAFTA

Најдобра видео игра на годинешните BAFTA награди е Dishonored, но огромен успех има и Journey, играта за која музиката ја изведе Камерниот oркестар на Македонската радио телевизија. Journey замина со пет награди: за најдобар онлајн мултплеер, уметничко достигнување, најдобар дизајн, авторска музика и музичко остварување.

[youtube]IyDvT7XpaBc[/youtube]

Акционата авантура Dishonored ги освои почестите за најдобра игра во конкуренција со Mass Effect 3, FIFA13, Far Cry 3, Journey и The Walking Dead. Најдобра игра за преносни уреди е The Walking Dead направена по истоимениот стрип и серија на ABC, a играта доби и награда за најдобра приказна. Дебитантот, The Unfinished Swan ја освои наградата за иновација и за најдобро деби.

Добитник на специјалната Fellowship BAFTA награда е Гејб Њувел, ко-основачот на Valve. Еве ја и целосната листа на гејминг награди доделени на BAFTA.>

  • Најдобра игра: Dishonored
  • Онлајн мултиплеер: Journey

[youtube]_mF8KkDiIdk[/youtube]

  • Дизајн на игра: Journey
  • Уметничко достигнување: Journey
  • Најдобра музика: Journey
  • Аудио достигнување: Journey
  • Најдобра игра за мобилни и преносни уреди: The Walking Dead
  • Приказна: The Walking Dead

[youtube]0FqaCN2aiD0[/youtube]

  • Најдобар дебитант: The Unfinished Swan
  • Најдобра акција: Far Cry 3
  • Иновација: The Unfinished Swan

[youtube]VA6KMMhnJCQ[/youtube]

  • Најдобра британска игра: The Room
  • Најдобар актер: Дени Валис – Thomas Was Alone
  • Најдобра фамилијарна игра: Lego Batman 2
  • Најдобра стратегија: Xcom – Enemy Unknown
  • Игра на која треба да и обрнете внимание: Kind of a Big Deal – Starcrossed
  • Најдоба игра во прелистувач: SongPop
  • Најдобра спортска игра: New Star Soccer
  • Специјална награда: Гејб Њувел

1 коментар на “Музиката на Journey, изведена од Македонскиот камерен оркестар, доби награда од BAFTA

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии