Mузика oд видео игра изведена од македонски оркестар е номинирана за Grammy

Музиката од видео играта Journey, која е изведена од Камерниот оркестар на Македонската радио телевизија, е прв саундтрак од видео игра кој е номиниран за Grammy награда. Композиторот Остин Витори кој е најзаслужен за музиката во играта за PlayStation 3, на изведбата на Камерниот оркестар беше „присутен“ преку Skype и Protools Source Connect.

Во 55-годишната историја на Grammy наградите ова е прва номинација на музика од видео игра. Композиторот Витори е во конкуренција на Хауард Шо за Hugo, Ханс Зимерман за The Dark Knight Rises и Џон Вилијамс за Tintin.

[youtube]lNHtReya_p0[/youtube]

Композиторот Витори истакнува дека му е непријатно што тој ќе ја предземе „славата“ за се што е направено во делот на музиката за видео игри.

„Ова одамна требаше да се случи… Се чувствувам речиси засрамено поради тоа што толку многу добра музика направена во последната декада остана без признание без некоја оправдана причина“.

Музиката за Journey е најпродавана музика од видео игра, а повеќе продажба од неа има единствено компилацијата на Guitar Hero III. Играта веќе ја доби наградата за најдобра музика на Spike TV наградите за видео игри. Музиката е додадена и во колекцијата на The Museum of Modern Art.

Целиот саундрак е објавен на iTunes.

[youtube]8vmLGQgLCHA[/youtube]

[youtube]6LyyLYxdpUQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии