Музика на microSD

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Компанијата SanDisk денеска, во соработка со најголемите музички продуцентски куќи, објави на пазарот високо квалитетна MP3 музика, без DRM регулации достапна на нивните минијатурни microSD картички.

На овој начин SanDisk, која во меѓувреме преговара со Samsung за можна продажба,
сака на потрошувачите да им понуди лесен начин за преслушување на музика без притоа да имаат потреба од компјутер или интернет. Картичката ќе работи на лесен принцип со тоа што ќе може да се внесе во сите уреди кои го подржуваат microSD форматот, односно мобилни телефони и MP3 плеери.

"slotMusic ќе понуди брза, лесна и високо квалитетна алтернатива на ЦД-та и дигиталното пренесување на музика" – изјави Danielle Levitas, потпретседател на компанијата. Тој додаде и дека во следниот период глобално ќе бидат понудени над 1.2 милијарди мобилни телефони кои го поддржуваат microSD форматот.

{mosimage}

MicroSD картичките со
музички албуми ќе се продаваат под името "slotMusic" и уште од следниот месец ќе бидат достапни на пазарите во САД и Канада во големина од 1 гигабајт за цена од околу 15 US долари. За почеток ќе содржат 29 албуми од партнерските продуцентски куќи, EMI Music, SONY BMG, Universal Music Group и Warner Music Group. и ќе ги вклучуваат популарните музичари како Rihanna, Ne-Yo, Weezer, Usher, Chris Brown, Akon, Elvis Presley …

Музиката на картичките ќе биде со квалитет од 320 kbps и ќе се продава само во MP3 формат. Се очекува во текот на последната четвртина од оваа година slotMusic картичките да бидат претставени и на европските потрошувачи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии