Музичката продавница на Google ќе се појави за две недели?

По бројните шпекулации се чини дека Google конечно ќе стартува онлајн музичка продавница која ќе биде тесно поврзана со друштвената мрежа Google+, а се очекува да се појави во наредните две недели. Музичката продавница на Google би била продолжение на веќе постечкиот сервис Google Music Beta, сервис кој им овозможува на оние кои имаат профил да закачуваат музика онлајн.

Корисниците на Google Music ќе можат да предложуваат песни на своите контакти на Google+, кои пак ќе можат да ги слушнат еднаш бесплатно. Потоа ќе бидат достапни за преземање за отприлика 99 центи, истата цена како и на iTunes. Одговорни лица во Google ги имаат известено луѓето од музичката индустрија дека планираат да ја стартуваат онлајн музичката продавница во наредните две недели, иако се’ уште немаат потпишано договор со сите големи дискографски куќи.

Сите постоечки музички сервиси до сега чекале да потпишат ексклузивни договори со четирите главни дискографски куќи пред да започнат да функционираат. Овие четири дискографски куќи се одговорни за 87 отсто од продажбата на музика во САД. До сега се знае дека само дискографската куќа EMI има потпишано со Google, додека најголемата дискографска куќа во светот, Universal Music Group, како и Sony Music Entertainment и Warner Music Group, сè уште немаат потпишано договор со Google.

Ова може да предизвика голем проблем за Google, бидејќи  доколку корисниците не можат да преземаат песни издадени за оние компании кои немаат потпишано со Google, веднаш ќе кренат раце од овој сервис, и мала е веројатноста дека ќе продолжат да го користат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии