Музејот за видео игри смета дека може да ги врати згаснатите ММО игри

Доколку почнете да се навраќате и да забележувате кои сè ММО игри згаснаа, ќе добиете импресивно долга листа од игри, ММО наслови како Star Wars Galaxies, City of Heroes a, набргу и WildStar.

Музејот за видео игри нуди ексклузивна можност да им вдахне втор живот на сите ММО игри кои ги прегази времето, благодарение на најновите измени во The Digital Millennium Copyright Act (DMCA). Според најновите измени, Музејот на видео игрите сега може легално да ги сочува сите видео игри кои не се во продажба, дури и згаснатите ММО игри.

„Ако некој има неактивни ММО кодови за сервер и сака да ги заклучиме на неколку години, додека не се средат работите за одново лансирање на серверот, или ако сте спремни ние да ги реактивираме веднаш, известете нè!“, порачуваат од музејот и додаваат дека копијата на кодот за серверот мора да биде легитимна.

Првенствено, музејот искажа желба да ги оживи ММО игрите Star Wars Galaxies и City of Heroes, но набргу се приклучи на желбата на фановите да се реактивираат и Asheron’s Call, The Matrix Online, како и WildStar.

„Ако вие можете да ги убедите девелоперите и сопствениците да нѝ го предадат софтверот за серверите ние можеме да го активираме. Делува тешко изводливо, но ако тие се сложуваат, ние можеме да го вратиме насловот во живот. Така да, вие треба да се здружите и да барате како група.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии