Музејот Guggenheim донираше стотина уметнички дела на Wikipedia

Над стотина уметнички дела, меѓу кои од Едгар Дега, Пол Кле и Винсент ван Гог се во сопственост на Wikipedia, откако музејот Guggenheim ги донираше на најголемата дигитална енциклопедија. Колекцијата е составена од 100 уметнички дела и ќе биде изложена на 19 мај, а покрај посетата на музејот во Њујорк настанот ќе може да се „следи“ и онлајн.

Целта на донацијата е корисниците на Wikipedia да допринесат со информации за сликите и уметниците. Донираните уметнички дела треба да бидат основа од која корисниците на Edit-a-thon ќе треба да ги прошират податоците за уметниците, уметничкото движење, нивното влијание и културно наследство.

Настанот ќе има и куса обука за сите кои за првпат ќе внесуваат податоци, а ќе бидат присутни и инструктори кои ќе им помагаат на присутните. Сите кои имаат среќа да бидат присутни на Edit-a-thon во живо ќе можат и да ја разгледаат Thannhauser колекцијата. На претходниот и воедно првиот Edit-a-thon одржан минатат година, учесниците креираа 16 нови страни за архитектурата на музејот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии