Му се оствари желбата на Арон Шварц научните трудови да бидат бесплатни

Истражувањата кои ги прават научниците во САД, а се финансирани со пари од граѓаните ќе им бидат достапни на сите. Одлуката е донесена по петицијата на 65.000 граѓани кои бараат пристап до тие истражувања. Петицијата е потикната од смртта на активистот Арон Швартц кој се залагаше за слободата на информации.

Арон си го одзеде животот минатиот месец откако се соочи со долгогодишна затворска казна за кражба на 5 милиони научни трудови кои сакаше да ги сподели со светот. Тој се залагаше за споделувањето на знаењето како морален имератив и против рестрективната употреба на законите за авторски права кои водат до „приватизација на науката“.  Во негова чест голем број на академици ги споделија своите трудови на #PDFTribute.

Басплатното објавување на овие податоци ќе води до нови иновации, како на пример објавувањето на геном секвенците доведе до голем број на инвовации во  биотехнологијата.“, вели советникот за наука и технологија на Барак Обама, Џон Холден. Според него, „Американците треба да имаат пристап до истражувањата кои тие ги поддржуваат“.