Mu Legend во отворена бета

Mu Legend е бесплатна-за-играње, изометриска, акциона MMORPG игра која успеа да импресионира многумина со гејмплеј механики како во Path of Exile и Diablo 3, но во поголем свет и со поголем акцент на ММОRPG делот. Одредени гејмери одат до таа мера, да неретко ја споредуваат со Lineage Eternal и Lost Ark така да, доколку барем нешто од она што го прочитавте во горните редови ве заинтригира, би можеле да ја проверите отворената бета така што ќе се упатите на официјалниот сајт.

Со официјалното навлегување во отворена бета, играчите на Mu Legend нема повеќе да искусуваат бришење на ликовите и можат да се втурнат во релативно стабилен свет со една од четирите класи: Dark Lord, Whisperer, Blader и War Mage. Верзијата за Јужна Кореја се одликува со уште една, петта класа, наречена Emphasizer. Од Webzen ветуваат дека работат на тоа класата, како и бројни други содржини да се префрлат на глобалната верзија што е можно побргу.

За навлегување во оваа ММО игра, која е подеднакво-разбирлива за вашите потреби за самостојно или заедничко играње, потребно ви е барем Intel Quad Core, 3GB RAM и Geforce 8800GT, односно i5 760, 4GB RAM, Geforce GTS 450 – конфигурации, кои ќе се сложите, се повеќе од посакувани, дури и за оние кои немаа скапи чудовишта за гејминг.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии