Спонзориран текст

MSI – Гејминг без компромиси

Спонзорирано од Anhoch

во feature, гејминг, Спонзорирани, Хардвер

Во многу аспекти, гејмерите константно жонглираат со компромиси. Дали да играм сега или подоцна? PUBG или Fortnite? Со овие пријатели или со оние? Ваквите слатки маки секојдневно доминираат во потсвеста на гејмерот и, во тој поглед, сосема е во ред да покажете одредена флексибилност затоа што финалниот резултат секогаш е забава, во една или друга форма. Онаму каде што не би требало да сте подготвени за компромиси е кога станува збор за изворот на таа забава – вашето гејминг чудовиште. Хардверот кој демнее под неговата хауба потребно е да е со извонреден квалитет и да понуди и повеќе од она што и би можеле да очекувате.

MSI знае како да излезе во пресрет на потребите на гејмерот.

Како бренд кој е застапен во ИТ индустријата веќе 32 години, MSI се има истакнато како еден од водечките гејминг брендови, со бројни револуционерни откритија и технолошки иновации кои ја поместуваат границата на возможното. Независно дали барате врвни перформанси, зашеметувачко реалистична графика, автентичен звук, прецизни контроли, или непречен стриминг, MSI знае како да ја згасне вашата жед за впечатливи гејминг сесии. Таквото нешто доаѓа од длабоката врска со гејмерите  и непоколебливото спонзорирање на над 20 еСпорт тимови, како и организирањето на светски познатиот настан MGA (Masters Gaming Arena).

Иновативноста бара заеднички јазик, а гејминг заедницата и MSI го зборуваат во целосна синхронизација.

Прашајте на кој бренд најмногу му верува гејминг заедницата и шансите се исклучително големи одговорот да е MSI. Компанијата има посветено неброени часови и ресурси за да ги поддржува гејмерите со производи како лаптопи, графички карти, матични плочи, но и десктоп конфигурации, маестрално осмислени за да понудат супериорни перформанси.  И додека MSI GAMING ја освојува гејмерската популација, серијата Pro пали и жари на сите фронтови со одличната репутација за квалитет и истрајност.

MSI брендот е достапен за македонските корисници на ексклузивни гејминг компоненти и опрема преку Anhoch. На официјалниот сајт на Anhoch можете да најдете од сè по нешто, почнувајќи со матични плочи, движејќи се низ орда од гејминг опрема и завршувајќи со графички карти. Оние кои бараат надградба на нивната моментна опрема би можеле првин да започнат со прецизното гејминг глувче Clutch GM10, како и квалитетните слушалки Gaming DS501. Најевтината графичка карта е GT710, од 1GB, но оние кои копнеат по драстично подобрување на перформансите дефинитивно би требало да ги проверат можностите на GeForce GTX 1060 GAMING X. Во поглед на матичните плочи, нема да погрешите доколку одите со поевтината MSI B350M Mortar AM4 DDR4, но попребирливиот гејмер и тоа како би добил повеќе со MSI Z270 Tomahawk LGA1151 или, уште подобро, MSI B360 GAMING PLUS. Оваа матична плоча беше официјално презентирана на 3.април 2018 година како Performance Gaming плоча за новата, 8-ма генерација на Intel процесори.  Ценовно, MSI B360 GAMING PLUS припаѓа на почетна класа на матични плочи кои специјализираат за гејминг.

Како прва од овој сегмент на македонскиот пазар, MSI B360 GAMING PLUS веќе е достапна во продажба.

Но, ниту MSI, ниту Anhoch не планираат да застанат тука. Во иднина, следува прогресивно зголемување на продуктните групи и бројот на производи од MSI, за сé поголемо задоволство на гејминг популацијата во Македонија. До тогаш, играјте на вистински начин и без компромиси, со MSI и Anhoch!


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Анхоч. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии