И мртвите гласаа против интернет неутралноста

Коментари на мртви лиѓе се пронајдени на страницата на Федералната комисија за комуникација како поддршка за укинување на интернет неутралноста. Во коментарите на страницата се пронајдени коментари на неколку покојници.

Еден од луѓето кои први коментираа е Морган Кнутсон, кој зaбележа дека неговата мртва мајка дала поддршка против интерент неутралноста. Нејзе и се приклучил и дедото на г. Кнутсон, Френк Банчик, кој исто така е починат.

Коментарот на Дејна Баранчик е:

„Пред да ја напушти функцијата, администрацијата на Обама со измама на федералната влада ѝ овозможи контрола врз интернет. Таа погрешна политичка одлука и се закнува на иновацијата и е закана за инвестициите во широкопојасниот интернет. Ја поддржувам Федералната комисија за комуникација да ја укине оваа одлука и да го вратиме Title II, и да овозможиме слободниот пазар да ја води нашата дигитална економија“.

Ова можеби и немаше да биде премногу чудно, но овој текст се повторува илјадници пати, објаснува TechCrunch. Истиот текст се повторува десетици илјади пати, без промени како барање за укинување на важноста на Title II за интернет. (Title II овозможува Комисијата за комуникација да има надлежност и врз интернет.)

Ова не враќа кај јавниот обвинител од Њујорк, г. Ерик Шнајдерман. Тој веќе половина година се обидува да издејствува соработка на комисијата поради злоупотреба на лични податоци на корисниците. Неодамна на Medium побара да се одложи одлуката за интернет неутралноста и да се соработува со јавното обвинителство.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии