Спонзориран текст

Мрежни уреди за заштита на податоци – Synology Disk Station и Rack Station

Спонзорирано од ЈВСнет

во Спонзорирани

Текстот е промотивен текст порачан од ЈВСнет. 


Во денешно време, кога дигиталната технологија го следи секој наш чекор, кога секој од нас на својот преносен или статичен персонален сметач, паметен телефон или таблет, има огромен број на податоци (документи, слики, ел. пошта, адрeси, мултимедијални записи, видео материјали), се наметнува прашањето како да се снајдеме каде што е оставено? Дали е безбедно? Дали некој може да го украде или злоупотреби целиот тој дигитален запис?

ИТ пазарот во последните 10 години е преплавен со уреди за складирање на податоци, со различен квалитет, цена, достапност и секако доверливост. Еден од лидерите во производство на НАС уреди (Network Attached Storage) e реномираната Тајванска компанија – Synology, високо рангирана на светкиот ИТ пазар.

synology

Брендот Synology е присутен на македонскиот пазар од 2006 година. Од својата гама на производи нуди уреди за секој вид на корисници, од наједноставните за домашна употреба, до уреди наменети за големите корпорации. Заедничко за сите уреди на Synology, назависно од видот на hardware, e оперативниот систем познат под заштитената марка Synology Disk Manager (DSM). Linux базирана, веб оријентирана апликација, која на корисникот му овозможува интуитивно, брзо и едноставно управување со податоците, како за заштита така и за користење.

Покрај основната функција на чување на податоците, DSM во себе има интегрирано и огромен број на апликации, со кој се овозможува поголема достапност до содржините веќе складирани од страна на корисниците. Од спектарот на мултимедиални апликации посебно е вредно да се истакнат следните:Download Station,  Audio Station, Photo Station, Video Station, Media Server, Surveillance Station.

Од апликациите кој се наменети за деловни корисници, посебно се истакнуваат: FTP Server, VPN Server, File Server, Mail Server, Cloud Server, Cloud Client Station, Web Server (WordPress & Joomla).

Дополнителни алатки кои помагаат во процесот на заштита и управување со податоците: Directory Server, LDAP Server, DNS server, DHCP Server, CMS, Proxy Server, Docker, Java Manager, Radius Server, Webalizer, CardDAV Server, Mail Station, Antivirus Essential.

Долгогодишното искуство на тимот, посветеноста и едукацијата, овозвожија ЈВСНет како партнер на Synology, да покрие пазар надвор од Македонија, т.е да биде дистрибутер за Србија, Албанија и Косово. Секогаш сме спремни да излеземе во пресрет на потребите и барањата на корисниците, независно дали се работи за домашни, деловни или корпорациски. Детали за брендот Synology може да најдете на www.jvsnet.com.mk.

ITcom

Овој текст е ПР текст од страна на ЈВСнет. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии