Мozilla vs. Google: Само лошите луѓе имаат што да кријат

{mosimage} Аса Дотцлер, ветеран во Mozilla фондацијата, вели дека Firefox корисниците треба да се префрлат на Bing и да го остават Google бидејќи Google не е сериозен кога се работи за приватноста.

Гневот на ветеранот на Mozilla го привлече директорот на Google, Ерик Шмит, кој во интервју за CNBC изјави дека „Ако имаш нешто да криеш, нешто што не сакаш никој да го види, тогаш не треба да го ставаш на интернет“ додавајќи дека сите информации можат да бидат извлечени доколку властите го побараат тоа.

Изреволтиран од оваа изјава, Аса Дотцлер кој е директор за развој на Mozilla заедницата, само кратко напиша на својот блог.

„Ова е мислењето на Google за приватноста. Нема двосмисленост, нема вадење од контекст.“ вели тој додавајќи само линкови за како да се префрлат Firefox корисниците од Google на Bing, бидејќи според него „Bing има подобра полиса за приватност од Google.“

Секако дека мислењето на г-дин. Дотцлер е објавено на неговиот приватен блог, па може да се каже дека не е официјалното мислењe на Mozilla. Но, г-дин. Дотцлер не е никоја рандом личност во Mozilla фондацијата.

Ако се земе во предвид дека голем дел од приходот на Mozilla доаѓа од Google кој плаќа да се најде во десниот горен агол на Firefox, тогаш целава ситуација може да стане навистина интересна. Посебно ако во миксот се фрли и додатокот за Firefox кој овозможува Bing бар наместо Google, додаток кој
го сугерира г-дин. Дотцлер и додаток кој е симнат скоро 1 милион пати, тогаш може да имаме незгодна разврска на Google и Mozilla соработката која завршува во 2011 година. А до тогаш Google сигурно ќе привлече поголема публика со нивниот Chrome прелистувач.

Па… дали би се префрлиле на Bing? Дали би го симнале додакот за Firefox кој додава Bing бар наместо Google? И што мислите за ставот на г-дин. Шмит?



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии