Mozilla претстави додаток кој визуелизира кој ве следи на Веб

Во име на приватноста и информирањето, Mozilla претстави додаток за Firefox кој визуелизира кои колачиња ве следат секој ден додека сурфате на мрежата. Веб колачињата секако се потребни за подобри реклами, ова е бизнис од скоро 40 милијарди долари, па не се изненадувајте ако го пробате додатокот и видите десетина сајтови кои ве следат, а за кои вие не сте чуле.

„Приватноста не треба да биде цената која ја прифаќаме само за да се закачиме на Интернет.“, вели директорот на Mozilla, Гери Ковач на својот TED говор.

Г. Ковач вели додека неговата ќерка посетила четири сајтови за време на доручек, таа била следена од 25 различни места. Преку цел ден, тој бил следен од 150 други сајтови. Затоа идејата е експерименталниот додаток Collusion за Firefox да стане секојдневна алатка која ќе се користи од истражувачите и регулаторите за да го анализираат степенот на приватност. Додатокот во реално време прави диаграм со поврзани точки за сите веб колачиња и сите сајтови од каде доаѓаат и до каде водат. Сивите или сини точки се веб сајтови, црвените точки се огласувачите.

„Нас не набљудуваат. Сега е ред ние да ги набљудуваме набљудувачите.“

Додатокот можете да го сименете тука. Може да погледнете и демо за како работи Collusion.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии