Mozilla ја претстави својата iOS апликација за проширена реалност

Можеби не е никакво изненадување тоа што Mozilla својата прва апликација за проширена реалност ја претстави преку веб. Апликацијата WebXR Viewer веќе е достапна на App Store.

Апликацијата е едноставно доказ за концептот на Mozilla. Засега нема премногу можности, иако корисниците може да „играат“ со еден чајник кој може да го поместуваат на сликите. Поважно е што апликациајта овозможува корисникот да ги постави и своите креации, што секако и би била главна улога.

Image courtesy of Mozilla / App Store

Mozilla уште одамна се залага за користење на веб-апликации како стандард. За жал, компанијата мораше да се откаже од оперативниот систем за паметни телефони, кој помина лошо. Апликациајта треба да го надмине јазот помеѓу мобилните платформи и веб. За креирање на апликациајта, Mozilla ја искористи својата веб платформа WebXR и ARKit на Apple.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии