Mozilla и Have I Been Pwned за поголема безбедност

Firefox Monitor е алатка за Firefox која треба да им помогне на корисниците за поголема онлајн безбедност. Firefox Monitor има интеграција со Have I Been Pwned и ако имејл адресата се појави на листата на хакирани, корисникот ќе добие известување.

Засега сервисот е во тест фаза. Околу 250 000 корисници, најголем дел од САД, го тестираат од 2 јули. Ако тестот помине без проблем, Firefox Monitor ќе биде интегриран кај сите корисници.

Начинот на кој функционира алатката е едноставен. Корисникот само ја внесува својата адреса во полето, а ако имејл адресата е пронајдена на некоја од листите корисникот ќе добие известување дека треба да си ги промени лозинките. Have I Been Pwned е своевидна база во која се чуваат имејл адресите за кои е сигурно дека се компромитирани.

Firefix има околу 500 милиони корисници. Иако оваа бројка не може да се спореди со Chrome, бројот на корисници до кој HaveIBeenPawned ќе дојде преку Mozilla ќе биде значителен. Секакo, поголемиот број на корисници ќе помогне и во борбата против хакерските напади.

„Ова е огромна вест бидејќи Firefox има стотици милиони корисници. Ова значително ја проширува публиката до која може да стигнеме“, вели Трој Хант на својот блог.

Дополнително, г. Хант работи на интеграција на сервисот со 1Password. Ова ќе овозможи проверка на адресите и директно од овој сервис што ќе биде навистина одлична функционалност кога ќе биде реализирана.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии