Mozilla го објави Firefox Мetro за Windows 8

Денес Mozilla ја објави бета верзијата на Firefox зa Metro. Станува збор за пробна верзија која за почеток има неколку багови како што е смрзнување на екранот, па мора прелистувачот да се вклучува од почеток.

Metro верзијата можете да ја преземете како Firefox Nighlty, а за да ја користите Metro околината, потребно е Firefox да го поставите како главен прелистувач. Исто така, поставувањата не се во целосна функција, додека означувањето на омилени сајтови функционира во ред. Покрај тоа, се случува пребарувањата да се одвиваат преку Bing, иако како основен пребарувач на прелистувачот е поставен Google. Сепак, ова е сè уште пробна верзија на која има уште многу да се работи.

1 коментар на “Mozilla го објави Firefox Мetro за Windows 8

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии