Mozilla го блокира небезбедниот Flash на Firefox

Можеби Стив Џобс со својата непопусливост го зададе првиот удар на Adobe Flash, но останува прашање дали Mozilla ќе го зададе нокаутот. На компанијата и здодеа небезбедноста на Flash и го отстрани плагинот од Firefox прелистувачот се додека не се закрпат zero-day пропустите.

Критиките до Adobe доаѓаат по крадењето на 400GB податоци по хакот на Hacking Team, со кој беа откриени 3 безбедносни пропусти во Flash. Adobe вети дека пропустите ќе бидат поправени оваа недела, но се чини дека најголем дел на безбедносните експерти не им веруваат на празните ветувања – според нив, Flash останува ризичен софтвер. По објавувањето на пропустот шефот за безбедност на Facebook, Алекс Стамос, побара од Adobe да излезе со дата на која ќе го повлече Flash.

Mozilla најави дека Firefox ќе продолжи да користи Flash, иако нема да биде активен по default. Компанијата ќе го врати
плагинот на прелистувачот кога ќе биде достапна безбедна верзија која нема да може да биде злоупотребена.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ѓорѓи
Ѓорѓи
10 years ago

Продолжува војната против Flash-от … Не ја разбирам воопшто одбивноста на индустријата против Flash освен ако не се стави во контекст на монополот на Adobe што го има врз Flash. Инаку, Flash-от како алатка е неверојатно добар, мулти платформски, брз и е побезбеден од колку неговата конкуренција која се бутка низ голема врата – HTML5… А Стамос веќе се соочи со лавина критики и исмејувања за неговата изјава ….

види ги сите огласи на kariera.it.mk