Првата цел е да се забрза Firefox, што е потребно земајќи в предвид дека Google Chrome полека се искачува на пазарот во главно поради брзината и едноставниот дизајн. Интересно новиот Firefox ќе превземе неколку дизајн идеи од Chrome, пример, ќе ги премести табовите над УРЛ барот. Mozilla исто така планира да развие подобра подршка за HTML5 стандардите.

Во презентацијата подолу се вметнати идеи за развој на Firefox 4 зависно од корисниците. Во план за обичните корисници кои го користат прелистувачот да сурфаат на интернет се зборува за забрзано и персонализирано прелистување, додека во планот за веб девелоперите кои користат напредни алатки и додатоци, за нив е најавена побогата HTML5 подршка, полесна анимација на веб содржина, мобилна верзија со нови интеракции како интеракција со допир…

Под презентацијата има и видео.

Firefox 3.7 е мртов, следен е Firefox 4 – http://videos.mozilla.org/serv/air_mozilla/firefox4.ogg /via @mathjazzMon May 10 21:22:26 via choqoK

6 коментари на “Mozilla ги објави плановите зa Firefox 4

  1. ќе биде лошо ако крадат од интернет експлорер…вака од двата најдобри ќе направат еден ама вреден :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии