Можно ли е сајт да преживее надвор од најпопуларните платформи? Ќе дознаеме наскоро.

Дејан Соколоски

во Свет

Најверојатно една од најголемите вести оваа недела е забраната и отстранувањето на Infowars од неколку платформи. Сè започна со отстранување на содржината од iTunes и Podcast, a наскоро следеa и YouTube и Facebook.

Единствена платформа која му остана на Алекс Џонс за споделување на содржините е Twitter, мрежа која барем засега вели дека неговите подкасти не нарушуваат никакви нивни правила. Сите други кои ја отстранија содржината го направија ова поради говор на омраза.

Но, иако му ги отстранија содржините од своите платформи, ниту Apple, ниту Google не ја отстранија апликацијата за соодветниот оперативен систем, која сè уште е високо на листите. На Google Play беше и уште е прва на трендинг во САД.

Сепак, и покрај зголемениот интерес за апликацијата, прогнозите велат дека сервисот загубил повеќе гледачи отколку што ќе добие.

Дури и вака останува прашањето дали некој сервис може да функционира надвор од најголемите платформи. Секако, Infowars може да функционира како блог, но тешко како сериозен медиум. За волја на вистината, Infowars никогаш и не се декларирал како сериозен медиум. На страна од обожавателите, тешко дека некој сериозно би сфатил полугол маж кој зборува за тајни друштва кои владеат со светот.

Дополнително, сајтот продолжува со тврдења дека техничките компании сакаат да го уништат, иако ако навистина тоа беше случајот, немаше да можеме да го најдеме со пребарувач.

Во следниот период секако ќе дознаеме како ќе изгледа животот по отстранувањето. Шоуто на Алекс Џонс не е прво кое беше исфрлено на маргините. Претходниот сервис кој сееше омраза, Daily Stormer, е или барем беше далеку поекстеремен. Сепак, штом ја премина границата на каква, таква пристојност, не можеше да најде ниту попристојна платформа за хостирање.

1 коментар на “Можно ли е сајт да преживее надвор од најпопуларните платформи? Ќе дознаеме наскоро.

  1. „Дополнително, сајтот продолжува со тврдења дека техничките компании сакаат да го уништат, иако ако навистина тоа беше случајот…“ – Ироничен е ваков коментар во вест каде се извесува за банирање од сите социјални платформи (минус Твитер, засега). Да сајтот може да се најде со пребарување, но тоа не го демантира фактот дека истиот е баниран од наведените „технички компании“. Утре истото може да се случи и со пребарувачите, исто како што одамна веќе не може да се прабарува содржината на сајтовите како Pirate Bay, но и политичко непожелни содржини кои немаат врска со авторски права и пиратирање.

    Премногу пластично ги пренесувате вестите од странските медиуми, со тоа ја пренесувате и нивната пропаганда. Би било во ред да ја пренесувате само веста, но не е во ред што ги пренесувате и заклучоци според политиката некој медиум. Или ако ова е ваш личен заклучок – тогаш истиот секако е необјективен и политички обоен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии