Можни санкции за Facebook и Airbnb доколку не ги почитуваат ЕУ правилата

Најголемата друштвена мрежа или ќе го забрза прилагодувањето на новите европски правила или ќе дочека санкции. Европската комисија му остава на Facebook до крајот на годината, а потоа ќе следат казни.

Facebook треба јасно да објасни што прави со податоците на корисниците, ако ова не го направи или не го направи доволно јасно ќе следат казни. Последна дата до која Комисијата очекува забележливи промени е 31  декември 2018-та година, по ова веќе започнува разгледувањето на можни санкции.

„Ако нема прогрес ќе има санкции. Тоа е јасно. Не можеме вечно да преговараме, мора да видиме резултати“, вели комесарот Вера Јурова.

Она што Facebook, но и сите платформи и сервиси кои имаат барем еден корисник во Европа треба да го направат е јасно да им посочат на корисниците што прават со податоците. Корисниците мора да знаат кои податоци се собираат, со кого се споделуваат и што се прави со податоците.

Во опасност е и Airbnb, но од малку поинаква причина. Сервисот често има скриени трошоци кои не му се прикажуваат на корисникот пред да дојде на локација. На пример сметки за чистење и слично. Ова не смее да биде пракса и овие податоци мора да бидат јавно и јасно објавени. Сепак Европската комисија проценува дека Airbnb ги прави потребните промени, па најверојатно нема да има потреба од санкции за нив, додека истото не може да се каже за Facebook.

Друштвената мрежа пак смета дека со промените направени во мај, се задоволени сите барања на Европската комисија.

Главната промена која Facebook мора да ја направи е јасно да им каже на корисниците дека ги споделува податоците со трети страни, вели ВВC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии