Можете ли да пеете како Фреди Меркјури?

Нема никакво сомневање во огромната улога на Фреди Меркјури во музичката индустрија. Фронтменот на Queen се одликува со исклучително уникатен глас кој дава длабока димензија на песните. Фреди, за жал, одамна не е помеѓу нас, но, во негова чест, би можеле да проверите дали пеете како него.

Користејќи го најновата скала на Фреди, овозможена од YouTube, пеете некоја од најпознатите песни на Queen, како Don’tStop Me Now, We Are The Champions, BohemianRhapsody или Somebody To Love. За да се снима вашиот глас, потребно е, првин, да дозволите пристап до вашиот микрофон. Во моментот кога ќе почне некоја од понудените песни, добивате текст за истата, а вештачката интелигенција го споредува вашиот глас со тој на Фреди. Доколку сакате, можете да ја активирате и камерата. Аудио снимката, меѓутоа, останува на вашиот компјутер; не се автоматски поставува на YouTube.

Штом завршите со песната, добивате анализа за вашата изведба, а резултатот можете да го поставите на некоја од социјалните мрежи.

Сево ова има второстепена цел, а тоа е подобро да ве запознае со добротворната цел The Mercury Phoenix.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии