Можеби го заборавивте, но биткоинoт има сѐ поголема вредност

Добри вести за сите кои се љубители на децентрализираната крипто-валута – биткоин. Во ноември вредноста на биткоините се искачи на најголемата цена за оваа година – 426 долари, речиси двојно покачување од пред еден месец. Но, поради својата децентрализирана природа, во моментов на пишување на овој текст е 320 долари.

Но, тоа што е поважно е зголемениот број на трансакции, што е и најголемата причина за оптимизам. Бројката покажува дека и покрај проблемите со кражбите и пробивањата на дел од берзите, корисниците имаат доверба во валутата. Оптимизмот се враќа и кај инвеститорите кои досега во 2015 година инвестираа 468 милиони долари во стартапи поврзани со биткоини, јави Vox.

bitcoin_transactions

Најголем број на трансакциите во биткоини доаѓа од Европа и САД, зад нив се Јужна Америка и Азија-Пацифик. Европа во второто тримесечје забележува над 100.000 трансакции во биткоини, пред САД со околу 60.000. Забележано е и зголемување на бројот на биткоин-банкомати во регионот. Ако на почетокот на 2015 година бројот на банкомати е околу 330, во октомври низ светот имаше вкупно 470 биткоин-банкомати.

Сепак и покрај добрите вести, најверојатно најпроблематично е што барем засега нема објаснување за растот на цената на крипто-валутата. Кога беше најпопуларен пред една година, биткоин достигна вредност над 1.000 долари, и иако сега вредноста му се зголемува, таа не може биде предвидена токму поради тоа што биткоин е децентрализирана валута и зависи од интересот на корисниците и економските услови.

1 коментар на “Можеби го заборавивте, но биткоинoт има сѐ поголема вредност

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии