Може ли Марк Закерберг навистина да го поправи Facebook?

Главна цел на Марк Закерберг судејќи по неговата новогодишна заложба ќе биде поправање на друштвената мрежа. Со оглед на тоа како и колку се манипулираше со постовите и лажните вести последните години, дали друштвената мрежа ќе може да одговори на сите предизвици ќе мора да почекаме и да видиме.

Сепак дел од промените веќе се најавени и започнуваат. Минатата недела г. Закерберг најави дека сака да ги намали бројот на постови од брендови и медиуми на тајмлајнот на корисниците. Според споделените податоци  видеата  и постовите од компаниите кои ги следиме во моментов се 5% од содржините на нашите ѕидови. По промените ќе бидат 4%.

Што со лажните вести?

Можеби преголемиот број на рекламни содржини е проблематичен за корисниците, па ова некако и ќе ја подобри друштвената мрежа. Една од определбите е: „Времето кое го минуваме на Facebook да биде поквалитетно поминато“. Поголемиот број на постови од пријателите секако ќе помогне за порелевантни податоци на друштвените мрежи.

Лажните вести, на некој начин овој пат ќе бидат модерирани од корисниците. Корисниците ќе добиваат прашање дали слушнале за некој медиум, ако слушнале и ако веруваат дека презентира точни податоци, тогаш ќе биде рангиран повисоко, како медиум кој ужива поголема доверба од заедницата. Ова не е за потценување, дури 45% од корисниците во САД своите информации ги добиваат од друштвената мрежа.

„Тешките прашања со кои се мачевме е да одредиме кои извори на вести уживаат доверба во свет со волкава поделба. Можевме да ја направиме оваа одлука самите, но така нема да се чувствуваме подобро. Размислувавме да контактираме надворешни експерти, кои ќе ја преземат одговорноста, но ова нема да го надмине проблемот со објективноста. Или може да ја прашаме заедницата и вашиот фидбек да го одреди ранкот“, вели г. Закерберг.

Оставањето да се види на кои медиуми им веруваат корисниците на друштвената мрежа секако ќе биде интересно. Сепак публиката на друштвената мрежа е толку поделена и разединетета што најверојатно медиумите ќе бидат сортирани единствено според тоа колку на корисниците им се допаѓаат вестите.

Овие промени најпрво доаѓаат во САД, а потоа ќе бидат додадени и на останатите региони.

Continuing our focus for 2018 to make sure the time we all spend on Facebook is time well spent…

Last week I…

Posted by Mark Zuckerberg on Friday, January 19, 2018

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии